Инвестициски бум и се случи годинава на Република Македонија. Во периодот од јануари до јули годинава во државата влегле странски директни инвестиции (СДИ) во вкупна вредност од 130,5 милиони евра, што е за 42 милиона евра, или за 47,7% повеќе од истиот период лани. Според најновиот извештај на Народна банка на Македонија, во јули годинава во државата влегле странски директни инвестиции во вредност од 29,1 милион евра. Значајно влијание за раст на инвестициското салдо на државата имаат технолошко-индустриските развојни зони кои последниве две години се полнат со фабрики, кои го билдаат и извозот на државата. Според очекувањата на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во ТИРЗ се очекуваат нови инвеститори, уште вработувања и зголемен извоз.
Инвестициски бум и се случи годинава на Република Македонија. Во периодот од јануари до јули годинава во државата влегле странски директни инвестиции (СДИ) во вкупна вредност од 130,5 милиони евра, што е за 42 милиона евра, или за 47,7% повеќе од истиот период лани.
Според најновиот извештај на Народна банка на Македонија, во јули годинава во државата влегле странски директни инвестиции во вредност од 29,1 милион евра.
Значајно влијание за раст на инвестициското салдо на државата имаат технолошко-индустриските развојни зони кои последниве две години се полнат со фабрики, кои го билдаат и извозот на државата. Според очекувањата на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во ТИРЗ се очекуваат нови инвеститори, уште вработувања и зголемен извоз.
- Концептот на Владата за привлекување странски инвестиции дава се повеќе резултати. Само во зоните Скопје 1 и Скопје 2 имаме 1.350 вработени, а во зоната во Штип 750 вработувања. Дополнително очекуваме да има нови вработувања и да се зголемува извозот иако и сегашните 700 милиони евра извоз на компаниите кои работат во ТИРЗ е огромна бројка и веќе претставува над 20% од вкупниот извоз на Република Македонија - вели тој, забележувајќи дека Бунарџик сега е модерно опремена зона која им ги нуди сите потребни услуги на инвеститорите.
Би било добро, потенцира тој, лицата кои коментираа дека Бунарџик е една ливада сега да дојдат, да ги видат големите фирми како Џонсон контролс, Џонсон Мети, Кемет електроникс, Технокозе и да го видат целокупниот резултат на напорите на Владата и посветеноста да се привлечат странски инвестиции и да се создадат услови за нивно работење во зоната.
Во Македонија се предвидени 15 зони, од кои до сега се основани девет, а во функција се три: Скопје 1, Скопје 2 и зоната во Штип. Во скопските зони се сместени производствените капацитети на Џонсон Мети, Џонсон Контролс, Кемет Електроникс, Продис, Текнохозе и Ван Хул.
- Наскоро се очекува зголемување на инвестициите во државата со отворање нови производствени капацитети, но и со проширување на постоечките - најавува директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо.